Скопје
Општина Центар го продолжува проектот „Цел Центар на точак “

Проектот „Цел Центар на точак “, во организација на Општина Центар го продолжува и оваа година.. Во 2014 општината субвенционираше средства за купување на 860 велосипеди.
„Акцијата започнува од денеска. По минатогодишниот голем интерес на центарци кои со субвенциите од Центар купија 860 нови велосипеди, годинава се одвоени повеќе средства во буџетот и ќе субвенционираме 1.111 нови велосипеди. Се надевам дека и годинава ќе има голем интерес. Жителите треба да донесат копија од лична карта со која потврдуваат дека се жители на општина Центар, фискална сметка и сметкопотврда за купен велосипед и трансакциска сметка“, рече градоначалникот Андреј Жерновски.
Општината како и минатата година ќе субвенционира до 3.000 денари за секој купен велосипед. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Минатата недела санкционирани се 𝟣𝟢𝟥 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.08.2025 до 17.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, се наведува во соопштението на ПОЦ.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар