Скопје
Општина Центар го раскина договорот за катна гаража кај „Нова Македонија“
Советниците на општина Центар едногласно на седница во петокот донесоа одлука за раскинување на договорот за долгорочен кредит за изградба на катната гаража кај некогашната НИП “Нова Македонија“.
Советниците на општина Центар едногласно на седница во петокот донесоа одлука за раскинување на договорот за долгорочен кредит за изградба на катната гаража кај некогашната НИП “Нова Македонија“.
Станува збор за договор кој што на 10.01.2013 година бил склучен меѓу Комерцијална Банка АД Скопје и поранешното раководство на општина Центар.
Одлуката за земање кредит вреден 3.000.000 евра е донесена на 8-ми јуни 2012-та година, се вели во соопштението на Општина Центар обавено во саботата.
Во образложението на одлуката стои дека по започнувањето на градбата на објектот, се утврдило дека буџетските приходи не се доволни да ги покријат планираните трошоци и дека приоритет се дава за изградба на ново основно училиште и новиот веќе започнат објект на детската градинка Кочо Рацин.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски неколку пати посочуваше дека нема интерес за изградба на ваков објект, бидејќи во централното градско подрачје веќе има неколку катни гаражи кои се полу-празни, стои во соопштението. /крај/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

