Скопје
Општина Центар гради парк во Дебар маало

Општина Центар во четвртокот соопшти дека на местото на поранешното “Кино Карпош“,започна со комплетна реконструкција на просторот и поставување на зеленило, на површина од 500 м2.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска присуствуваше на почетокот на формирање на оваа зелена оаза, опкружена со згради. Просторот ќе го красат 15 листопадни, цветни јапонски цреши, со обем на стебло од 12 – 14 см кои, кога цветаат, создаваат спектакуларен пејсаж.
Под дрвјата ќе се засадат зимзелени, колоритни грмушки. Дел од нив, во текот на годината ја менуваат бојата, од светло зелена на пролет и лето, преку шарена во есен, до црвена на зиме.
Покрај ѕидот кој ја оградува парцелата на зградата со локацијата, ќе бидат засадени повисоки зелени грмушки и седум други растенија.
Ќе биде поставен готов тревен бусен, за да се оформи веднаш паркот, како и автоматски систем за наводнување, се вели во соопштението. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар
Македонија
Герасимовски: Концерт на Јанг Дади на 27 август во Паркот на франкофонијата, ги поканувам сите скопјани на добра музика

На 27 август, Центар ќе пулсира во ритамот на добрата музика. Општина Центар, во рамки на проектот „На одмор сум, во Центар сум“, организира концерт на еден од најактуелните македонски изведувачи Јанг Дади што ќе се одржи во Паркот на франкофонијата, со почеток од 19:00 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите центарци и скопјани коишто се останати во градот да дојдат и да уживаат во вечер исполнета со позитивна енергија, музика и забава под отворено небо.
„Ги поканувам сите скопјани, млади, семејства, пријатели и сите љубители на музиката да дојдат во Паркот на Франкофонијата и заеднички да уживаме во песните на Јанг Дади. Исто така, Стела и Сани ќе ги забавуваат најмладите, ајде сите заедно да уживаме во вечер исполнета со енергија, смеа и добар ритам. Културата е најубавиот начин да го зближиме градот и затоа ве поканувам да бидеме дел од оваа летна приказна. Ве чекам во среда, на 27 август на музика што поврзува“, вели Герасимовски.
Македонија
Гази Баба почна акција за обележување пешачки премини

Општина Гази Баба започна со активности за обележување на пешачките премини на локалните улици, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на сообраќајната сигнализација во урбаните заедници.
Вчеравечер, екипите на Јавното комунално претпријатие „Гази Баба“ извршија обележување на пешачките патеки во населбата Железара, како дел од поширока акција за системско одржување и обнова на хоризонталната сигнализација.
„Пешачките премини имаат суштинско значење во сообраќајната безбедност, особено во урбаните средини каде што е зголемен интензитетот на сообраќај. Тие претставуваат клучен елемент во заштитата на пешаците, особено на децата, повозрасните лица и лицата со попреченост. Обновената и јасно видлива сигнализација значително придонесува за зголемена безбедност и поефикасно функционирање на сообраќајниот систем.
Денес активностите продолжуваат во населбата Автокоманда, а во текот на следните денови ќе се реализираат и во останатите урбани заедници низ општината“, соопшти Општината.
На терен, заедно со екипите до доцна во ноќта, беа и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, како и директорот на ЈКП „Гази Баба“, кои лично го следеа спроведувањето на акцијата и ги поддржаа теренските тимови.