Скопје
Општина Центар ја отвори втората читална “Ацо Шопов“
Општина Центар во среда вечерта ја отвори втората читална на своја територија. Името го носи по еден основоположниците на современата македонска книжевност, Ацо Шопов, еден од првите членови на МАНУ.
На отворањето, на кое присуствуваа вљубеници на убавиот пишан збор, личности од јавниот живот, академици, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски рече дека живееме во период кога се отвораат коцкарници и обложувалници и тука младите, за жал го минуваат своето слободно време.
Општина Центар, рече тој, ја остварува својата заложба на отворање на вакви “храмови“, каде што граѓани од сите генерации може да дојдат и да прочитаат убава книга.
“Да го зачуваме она што се губи кај нас. Кога се одлучивме да ја отвориме читалната Славко Јаневски, најдовме едвај десеттина книги од Славко Јаневски. Денес има над 200 изданија. Тоа е идеата и со втората читална – Ацо Шопов. Нема многу наслови, но ќе дојдеме до посакуваното ниво“, рече Жерновски, заблагодарувајќи му се на академик Томе Серафимовски за огромната поддршка. Благодарение на Серафимовски, освен со книжен фонд е збогатена и со три скулптури – портрет во бронза на Ацо Шопов, Блаже Конески и Рајко Жинзифов, како и со 101 книга.
Академик Серафимовски, како што рече самиот, е обземен од задоволство, бидејќи во ова време-невреме, време на разнебитување на македонската држава и култура, овие благородни работи, создадени од општина Центар мораме да ги поддржуваме.
„Среќен сум што можев и јас да дадам придонес со мојата скромна работа. Засега тоа се три скулптури, но читалната Ацо Шопов ќе има исто толку скулптури, колку што има и читалната Славко Јаневски. Се надевам дека следната читална ќе го носи името на нашиот Блаже Конески“, рече академик Серафимовски.
Читалната Ацо Шопов има фонд од 2.000 книги од сите жанрови, зачленувањето во читалната е бесплатно, а таа се наоѓа во Т.Ц. Беверли Хилс во Капиштец, на првиот спрат. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

