Скопје
Општина Центар ќе гради ново училиште во Капиштец
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, достави предлог до Советот на општината за основање на ново општинско основно училиште, со што граѓаните на најголемата населба во општината, Капиштец, конечно ќе добијат свое основно училиште.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, достави предлог до Советот на општината за основање на ново општинско основно училиште, со што граѓаните на најголемата населба во општината, Капиштец, конечно ќе добијат свое основно училиште.
За изградба на училиштето, општината ќе се земе заем во износ од 297.750.000., но како што објаснуваат ова задолжување нема да биде ново оптоварување на буџетот, туку практично пренамена на средства од веќе планирани задолжувања. Имено, општината го раскина договорот, потпишан од претходниот градоначалник Тодоровиќ, за кредит за изградба на катна гаража кај „Нова Македонија“, а тоа планирано задолжување го пренаменува за училиштето. Новото училиште ќе го носи името „Капиштец”, како истоимената населба. Ќе биде за деца од 6 до 15 годишна возраст, со капацитет од 500 ученици. Таканаречената “школа-парк“ ќе се наоѓа во Капиштец, на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Адам Мицкијевиќ“ и ќе се простира на 10.600 м2, со планирана површина за градба на објектот од 3.142 м2.Училиштето ќе ги задоволи сите стандарди за современо образование, ќе биде изградено со примена на современ архитектонски израз и високо-квалитетни материјали. Ќе се учи преку интерактивни табли, учениците ќе поседуваат таблети, поврзани со безжична интернет мрежа. Кабинетите ќе имаат најсовремена опрема, греењето ќе биде подно, а ќе биде овозможен и пристап на лица со посеби потреби.Заложбата на општина Центар за заштита на животната средина ќе се реализира преку т.н. “зелена маса“, која вклучува и ботаничка градина. Веќе е почнато расчистувањена теренот за изградба на првото основно училиште „Капиштец“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




