Скопје
Општина Центар ќе гради основно училиште во Капиштец
Општина Центар одлучи да започне со изградба на основно училиште во населбата Капиштец.
Планирано е училиштето да има капацитет до 500-тини ученици, распределени во 18 паралелки од 1-во до 9-то одделение.
Идејното решение на новото училиште беше избрано на конкурс распишан во 2014-та година, а основниот проект, во сите фази, е избран на тендер во август, истата година.
Изградбата делумно ќе биде покриена од буџетот на општина Центар, а дел од донации и кредити.
Средствата за основање и почеток со работа на новото основно училиште ќе се обезбедат од буџетот на општина Центар и буџетот на Република Македонија (преку блок дотации).
Минатата недела, Советот на општина Центар, на предлог на градоначалникот Жерновски, едногласно го раскина договорот за кредит за изградба на катна гаража кај поранешната НИП Нова Македонија. Средствата наменети за катна гаража ќе бидат пренасочени за изградба на новото училиште и довршување на изградбата на новата градинка Кочо Рацин. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

