Скопје
Општина Центар преку научна студијa ќе ја дизајнира велосипедската инфраструктура
Општина Центар посветено делува кон остварување на стремежот да бидеме еколошка општина која на своите жители ќе им понуди оптимални услови за здрав и исполнет живот. Оваа определба ја реализираме преку повеќе проекти, меѓу кои и „Вело Центар 2025“.
Го започнуваме вториот дел од истражувањето кој ќе биде спроведен со помош на мобилната апликација Strava. Мобилната апликација ги анализира некои од следниве параметри: должина на патувања; просечна брзина на различни улици; места и време на застој во движењето; најчести дестинации и најпреферирани улици за движење на велосипед; состојба и потреба од паркинг итн.
Конечните резултати од користењето на апликацијата, се презентираат преку прецизни и разбирливи т.н heat мапи, како онаа на градот Њујорк. Овие параметри, заедно со резултатите од претходната web анкета ќе се користат за утврдување на најзначајните велосипедски рути, односно за нивно подобрување. Така, земајќи ги во предвид податоците од истражувањето, општина Центар веќе наредната година ќе започне со подобрување на постоечката патна инфраструктура и градење на нови велосипедски патеки.
Првиот дел од студијата се состоеше од web анкета со која беа опфатени 895 испитаници. Целта на истражувањето беше да се обезбедат податоци од граѓаните и нивното секојдневно искуство од движењето низ градот, за проблемите со кои се соочуваат додека користат велосипед како транспорт, со крајна цел подобрување на условите за возење на велосипед и подобрување на самата велосипедска.
Со овој проект, Центар ќе стане првата општина во Македонија која преку научна студија ќе ја дизајнира велосипедската инфраструктура на својата територија. Студијата е започната по сугестија на граѓаните, а во соработка со проефесори од Архитектонскиот факултет.
Студијата покажа дека високи 96,7 отсто од корисниците на велосипеди минуваат низ општина Центар. Токму затоа од уште поголема важност ни е создавањето на велосипедска инфраструктура по мерка на граѓаните.
Како дополнителна мотивација за учество и благодарност за користење на велосипед како превозно средство, Центар ќе додели и награди на најпосветени корисници на мобилната апликација Strava. Наградите, во износ од 12 илјади денари, ќе се доделат на оние тројца учесници кои во периодот во кој се вршат следењата и мерењата ќе бидат највисоко рангирани и ќе остварат најголем број поени кои се доделуваат врз основа на неколку фактори: континуитет на возење – број на денови со остварена активност; вкупен број на поминати километри; вкупен број на возења и приклучувања на Strava за патувања над 5 минути. Ќе се вреднуваат само оние патувања кои се направени со цел превоз и барем во дел ќе минуваат низ општина Центар./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Комунална хигиена-Скопје: Најголемо количество непрописно одложен отпад во февруари, 600 кубни метри, е подигнато во општината Центар
Во текот на месецот февруари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 11 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.
„Отстранети се и 2505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 600 кубни метри – е подигнато во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец февруари изготви вкупно 100 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:
1. Општина Чаир – 54 записници
2. Општина Карпош – 18 записници
3. Општина Аеродром – 11 записници
4. Општина Центар – 9 записници
4. Општина Ѓорче Петров – 6 записници
5. Општина Гази Баба – 2 записника
ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со реализација на еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку еко-едукацијата најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање.

Во текот на минатиот месец, 253 ученици и 64 дечиња од основните училишта и градинките во општините Аеродром, Центар и Чаир имаа можност да ги проследат едукативните предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина. Предавањата се одвиваа на македонски, албански и турски јазик“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.

