Скопје
Општина Ѓорче Петров доби ново повеќенаменско игралиште
Скопската општина Ѓорче Петров во неделата доби новоизграденото повеќенаменско игралиште на улицата „Социјалистичка зора“, кое во употреба го предадоа премиерот Никола Груевски , градоначалникот на општината и директорот на Агенцијата за спорт и млади , Марјан Спасевски
Скопската општина Ѓорче Петров во неделата доби новоизграденото повеќенаменско игралиште на улицата „Социјалистичка зора“, кое во употреба го предадоа премиерот Никола Груевски , градоначалникот на општината и директорот на Агенцијата за спорт и млади , Марјан Спасевски
Игралиштето опфаќа две единечни игралишта-едно повеќенаменско и едно кошаркарско игралиште и ќе преставува собиралиште за младите и место за рекреација и спорт. Теренот е изграден по светски стандарди со вградена акрилна подлога, а игралиштето е осветлено со рефлектори и ќе може да се користи и во доцните вечерни часови.
Ова е второ игралиште во општината од овој вид , а изградбата на објектот е дел од владината програма кој предвидува изградба на повеќе вакви игралишта ширум земјава.
„Со ваквите услови верувам дека овој спортски полигон ќе придонесе за правилен развој на најмладите и ќе помогне да се трасира успешната иднина на некој иден спортист, а изградбата на ваквите игралишта ќе продолжи и на повеќе локации низ општината “ истакна градоначалникот Сокол Митровски./крај/мф/вт
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.





