Скопје
Општина Илинден реши 63 проценти од барањата за легализација на дивоградбите
Општина Илинден реши 63 проценти од пристигнатите барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, информира локалната власт.
Од почетокот на процесот за легализација на дивоградбите од поднесените 6.150 барања, решени се 3.835 предмети, со што е една од водечките општини во Република Македонија во реализирањето на оваа постапка.
„Граѓаните на Општина Илинден масовно ги искористија поволностите што ги понуди Законот за постапување со бесправно изградени објекти, при што за само едно евро за метар квадратен можат да ги легализираат своите дивоградби. Со легализацијата дивоизградените објекти ќе можат да бидат предмет на оставинска постапка, ќе можат да се отуѓуваат, да се пренесуваат правата на користење, да бидат предмет на било каков промет-продажба и слично, ќе можат да бидат предмет на залог во банка за некакво побарување, а ќе се овозможи и доградба или, надградба на објектите“, се вели во соопштението од Општина Илинден. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

