Скопје
Органски базар, секој четврток, во Скопје сити мол
Скопје сити мол е домаќин на првиот и единствен Органски базар во Македонија, кој започнува со работа во четврток, а ќе трае во текот на целата година.
Првиот Органски базар е во организација на Скопје сити мол, со партнерство на Беорг, во соработка сo Програмата ИME спроведувана од Свисконтакт и швајцарската Агенција за развој и соработка, поддржано од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Отворањето на Органскиот базар е закажано за четврток, со почеток од 11 часот, a свое обраќање ќе има амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Стефан Лаѕарото, Розанди Лоу, програмски директор на ИМЕ, Анастасија Ашкилова од Беорг, Дарко Панчевски претставник од Скопје сити мол, Валентина Колар Јовановска од Балкан био серт Скопје, како и дел од организаторите и партнерите на проектот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800 евра
Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа.
Во изминатиот период извршени се надзори на 30 градилишта, при што се изречени 24 казни за различни прекршувања, меѓу кои незаконско зафаќање јавни површини со градежен материјал и валкани гуми. Санкциите се движат од 1.300 до 1.800 евра, известуваат од Општината.

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски порача дека локалната самоуправа ќе реагира на секое нарушување на јавниот простор и безбедноста на граѓаните.

„Континуирано спроведуваме надзор на активните градилишта во општината. Сите што ги прекршуваат прописите и го узурпираат јавниот простор ќе се соочат со соодветни мерки. Наша цел е да обезбедиме уредена средина за граѓани“, рече Герасимовски.

Од Општина Центар додаваат дека редовните контроли се дел од пошироката заложба за спречување бесправна градба и заштита на заедничкиот простор.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

