Скопје
Основците возеа ролери по скопските улици
Под мотото „Возиме кон иднината“, во среда по четврти пат се одржа „Ролер трката 2015“, во организација на Град Скопје и ЈУ„Детскиот културен центар-Карпош“.
На ролеријадата учествуваа околу 700 ученици од 27 основни училишта од Скопје и околината.
Стартот од пред фонтаната на Градскиот парк го означи директорката на ЈУ„Детскиот културен центар-Карпош“ Ружа Ѓорѓеска. Учесниците во ролер трката возеа од пред фонтаната Лотос цвет, па по булеварот „Илинден“ до клучката на булевар „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ и назад до стартот.
Оваа година се воведe новина во манифестацијата, а тоа е натпреварувањето, односно се одржаа две ролер трки, едната во машка а другата во женска категорија. „Ролер трката 2015“ почне со женската трка на која првото место го освои Џуља Муковиќ од ОУ „ Вера Јоциќ“, втора беше Ивана Котевска од ОУ „ Ѓорѓија Пулевски“, а трето место го освои Теа Костадинова од ОУ „Љубен Лапе“.
На машката трка победи Бојан Стојчески од ОУ „Кузман Шапкарев“, второто место го освои Никола Новаковиќ од ОУ „Блаже Конески“ , а трет беше Никола Митровиќ од ОУ „Ј.Х.Песталоци“.
Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух и желбата за спортување на нашите најмлади. /крај/мф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




