Скопје
Оштетени новите контејнери во Скопје
Новите контејнери за селектиран отпад што беа поставени во неколку скопски општини биле оштетени веднаш по нивното поставување во неделата.
Директорот на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, во вторник, информираше дека вкупно 200 нови контејнери во општините Аеродром и Карпош биле цел на вандали кои ги оштетиле системите за затворање на капаците.
„ЈП ’Комунална хигиена’ со цел да го подобри менаџирањето со комуналниот отпад во текот на изминатив викенд го почна заменувањето на металните контејнери со пластични контејнери за ПВЦ амбалажа и лименки, но за жал, сведоци сме на нивното оштетување, односно на вандализам. По тој повод ја одржувам оваа прес-конференција на која сакам да ги информирам граѓаните дека се оштетени поголем број на поставени пластични контејнери, односно им е расипан системот за затворање на капаците со магнет и тоа околу 100 контејнери во општина Аеродром и 100 на територијата на општина Карпош. На пример, сите поставени контејнери на улица ’Френклин Рузвелт’ се оштетени и во нив веќе може да се забележи дека има измешано секаков отпад“, истакна Дочи.
Тој потенцираше дека несовесните граѓани коишто ги оштетуваат овие контејнери за селектирање отпад прават двојна штета, бидејќи покрај нанесената финансиска штета, кршејќи ги затворањата на капаците и самите контејнери, парават штета и одвраќајќи ги граѓаните коишто веќе создале навика да го селектираат отпадот да го парават тоа.
„Затоа апелирам до сторителите да не ги оштетуваат контејнетите, до граѓаните да ги чуваат и да внимаваат на нив, како и до надлежните комунални редари и секако до полицијата, каде што ќе поднесеме пријава за непознат сторител“, рече Дочи./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.

