Скопје
Отворен Центар на заедниците во општина Центар
Центарот на заедниците во општина Центар како дел од проектот “Општина по мерка на граѓаните“, беше отворен во понеделник.
Ова, рече извршниот директор на Фондацијата Отворено Општество – Македонија, Владимир Милчин, е во рамките на концептот 2014 – 2017 година, во партнерство со општините Центар, Струмица и Струга.
“Идејата се темели на уверението дека децентрализацијата и силната локална самоуправа се значајни за демократијата. Локалната власт треба да е најблиска до граѓаните. Овој проект е чекор кој ќе го овозможи ова“, рече Милчин.
Советот на општина Центар ќе биде оспособен за да можат граѓаните да присуствуваат на седниците на Советот.
Во Центарот на заедницата, кој се наоѓа во просториите на општина Центар, граѓаните ќе можат да добијат административна помош за тоа како да си ги остварат своите права. Исклучително значајно во формирањето на политиките на општината е учеството на граѓаните.
“Интерес кај граѓаните има, има интерес и кај вработените во општината и кај советниците. Македонија беше пример за развој на локалната самоуправа и децентрализацијата, но сега има застој. Не сакаат баш сите да се децентрализираат“, рече Милчин.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски истакна дека ова е исклучителна чест и обврска, бидејќи општина Центар е една од трите општини која е влезена во овој значаен проект.
Жерновски вети дека тој и општината ќе сторат сè за да се оправда оваа доверба.
“Секој градоначалник кога се кандидира ветува дека ќе направи општина по мерка на граѓаните. Некој успева во тоа, некој не. Сега, со помош на ФООМ, сме во можност ова и да го исполниме, бидејќи ние постоиме за граѓаните, а не тие за нас“, изјави Жерновски.
Градоначалникот на општина Центар вети дека максимално, тој и општинската администрација ќе се трудат да пружат помош на граѓаните, бидејќи не секогаш таа помош е на ниво и се очекува.
“Отсекогаш сум сакал на седниците на Советот на општината да бидат присутни и граѓаните за да се уверат како работиме и дали тоа е во интерес на истите. Сега тоа ќе можеме да го реализираме“, рече Жерновски.
Администрацијата ќе се обучува и како да ги користи средствата од ИПА фондовите.
Центарот е отворен за соработка со граѓаните и граѓанските организации и поддршка на нивните иницијативи, кои имаат за цел подобрување на животот во општина Центар, развој на демократијата и човековите права, образованието и социјалната заштита.
Веќе во декември,Центарот ќе почне со поддршка на иницијативата за движењето “Стоп за полициската бруталност“ и отворање на Центар за лекување на зависници од дроги во општина Центар. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

