Скопје
Отворен нов пензионерски клуб во општина Центар
Општината Центар во среда го отвори седмиот клуб на пензионери, кој е сместен зад Универзалната сала, во Урбаната заедница “Миле Арсовски“.
Претседателот на Здружението на пензионерите во Центар, Павле Спасов, ја посочи одличната соработка со општината, со градоначалникот Андреј Жерновски и со општинските служби.
Отворањето и грижа, рече Жерновски, за повозрасните жители е еден од нашите омилени проекти.
“Како што нашата грижа е насочена кон помладите, со отворање на градинка и изградба на ново училиште, кои се и ќе бидат најсовремени и најубави во Македонија и со реконструкција на веќе постојните, така водиме посебна грижа и за повозрасните граѓани, кои ни го овозможија и изградија сето ова што го имаме. Од утре почнуваме да работиме на отворање на осмиот клуб на пензионери, со што го исполнуваме ветувањето за целата територија на Центар да биде покриена со вакви неопходни места за нашите повозрасни сограѓани“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: На денешен ден Скопје ја дочека слободата, тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, извести дека утрово ја одржал традиционалната средба по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.
„На денешен ден Скопје ја дочека слободата донесена од 42. и од 50. народноослободителна дивизија на македонската војска и од 16. македонска бригада по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор. Тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина, за Скопје какво што денес го имаме. Нашата должност е да ја чуваме нивната жртва жива со тоа што ќе го градиме Скопје како град на слободни, горди и обединети луѓе“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување приклучок на улицата Александар Урдаревски бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.

