Скопје
Отворен првиот Центар за хуманост и борба против насилството врз животните

Здружението за заштита на животни Анима Мунди го отвори првиот Центар за хуманост и борба против насилството врз животните во Република Македонија.
„Во услови кога насилството врз животните е сеприсутно во нашето општество преку Центарот ќе се обидеме да влијаеме на јавната свест и промовираме хуманост, но и да обезбедиме конкретни услуги за превенција/евиденција /санкција на насилството врз животните, кое, доколку не се перципира и третира со сериозност, ескалира во сите сфери во нашето општество и го деградира нашето живеење“, велат од Анима Мунди.
Центарот е лоциран во ТЦ Бисер (на први кат), и е овозможен благодарение на програмата Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)