Скопје
Отворен Вино скоп 2015
На паркингот кај Аква паркот, зад спортската сала „Борис Трајковски“, во среда вечер, почна традиционалниот девети по ред Фестивал на виното „Вино Скоп 2015“.
Посетителите на фестивалот до 4 октомври ќе имаат можност да уживаат во врвни вина од повеќе од 20 македонски вински брендови, кои по промотивни цени на секој од штандовите ќе ги промовираат своите вина.Годинава, посетителите на фестивалот ќе можат да пробаат и нешто поразлично на штандот со вински коктели – сангрија и вино мохито.Свои штандови и шаторите поставија најдобрите македонски винарии: Тиквеш, Картал, Стоби, Повардарие, Визба Валандово, Лозар, Дудин, Бовин, Сковин, Пивка, Шате Сопот, Далвина, Камник и Винотека Темов. Доброто вино оди со вкусна храна, и на фестивалот има неколку места каде што може да се пробаат вкусни македонски деликатеси – кашакавал, сирења, скара и сувомеснати производи. За првпат годинава на „Вино Скоп“ има храна за сите вкусови, односно и веган корнер- штанд со веганска храна. Фестивалот го отвори Дј Тина, а по неа следуваа Chill Play, Eye Cue, Тајзи и гостите од Црна Гора и Србија – Бојан Маровиќ и Дејан Цукиќ-Цуки. На отворањето на „Вино Скоп 2015“ присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. И годинава плаќањето на „Вино Скоп“ се врши со фестивалски бонови, кои може да ги купите на влезовите на фестивалот. За реализација на овој фестивал на виното Градот Скопје од Буџетот издвои 500.000 денари, а традиционално го организира „Темов“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

