Скопје
Отворена нова детска градинка во скопско Црниче
Во скопската населба Црниче, во општина Кисела Вода во саботата беше отворена новата детска градинка, клонот „Перуника“ во рамки на градинката „Весели цветови“, настан на кој присуствуваа министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, претставникот на УНДП во Македонија, Луиза Винтон
„Градинката се отвора во комплетно реновиран, реконструиран и опремен објект. Министерството за труд и социјална политика во оваа инвестиција учествуваше во целосно обезбедување на опремата. Задоволство ми е што интересот на општина Кисела Вода е голем за зголемување и подобрување на капацитетите за згрижување деца од предучилишна возраст”, рече на отворањето на градинката министерот Диме Спасов.
Додаде дека проектот почнал со реализација на иницијатива на градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ, а оти Министерството се приклучило во реализацијата и помогнало во опремувањето на оваа детска градинка. Апелираше примерот на општина Кисела Вода да го следат и другите општини и најави дека и натаму ќе се продолжи со проекти за реконструкција и изградба на нови установи за згрижување деца од претшколска возраст.
Градинката има капацитет да згрижи педесетина деца, а се отвора на барање на жителите од оваа населба. Таа е отворена во адаптиран дел на подрачното основно училиште „Кузман Јосифонски Питу“. За адаптација се инвестирани три милиона денари. Опремена е со средства од Министерството за труд и социјална политика во висина од повеќе од 500 илјади денари.
Претходно, пред да биде адаптиран, овој дел од училиштето за детска градинка беше реновирано со средства на општината во висина од четири милиони денари и на УНДП во висина од два милион2 денари.
„Со општина Кисела Вода соработуваме во опремување на уште една детска градинка која набрзо ќе биде завршена и подготвена за пуштање во употреба”, рече Спасов.
Градоначалничката на општина Кисела Вода потенцира дека со поддршка на МТСП успеале за многу краток период да реновираат дел од подрачното училиште. Од понеделник неа ќе почнат да ја посетуваат 40 деца од Црниче и од населбата Бирарија.
„Градинката се отвора на барање и поради зголемениот интерес на младата популација, младите родители, кои живеат во овој дел на општина Кисела Вода и на ваков начин општината им излезе во пресрет. Објектот е реконструиран во текот на летото во соработка со УНДП“, рече Беличанец-Алексиќ.
Појасни дека објектот е високо енергетски, при што се сменети прозорците, покривот и фасадата.
„Го заменивме и системот за загревање со био-маса кој овозможува 80-процентна заштеда во енергија, а нула проценти испуштање штетни гасови во воздухот. Уште две градинки во Драчево, ’Пеперутка4 1 и 2 ќе добијат вакви системи“, рече градоначалничката на Општина Кисела Вода, појаснувајќи дека споменатите проекти се реализираат со финансиска поддршка на УНДП.Луиза Винтон истакна дека општина Кисела Вода е лидер во енергетска ефикасност. „Ова денес е пример како една скромна инвестиција и напор може да овозможи големи заштеди и значително да ги подобри условите за работа и престој на децата“, рече претставничката на УНДП во Македонија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

