Скопје
Отворени игралиштата на песок на Градска плажа „Парк“
Одбојкарското и ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“ почнуваат со работа од четврток.
Сите заинтересирани ученици, граѓани, спортски клубови и здруженија на граѓани, можат бесплатнода спортуваат и да се рекреираат на одбојкарското и на ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“.
Овие спортски терени ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот.
Закажувањето за користење на терените на игралиштата може да се врши на следниве телефони : 02/ 3297 – 238 и 02/ 3297 – 320 до 16:30 часот секој работен ден или на самото игралиште во горенаведениот период .
Терминот за бесплатно користење е со времетраење од 1 час. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски од Ѓорче Петров: Почна изградбата на нова детска градинка во населбата Дексион
Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на почетокот на изградбата на новата детска градинка во населбата Дексион во Ѓорче Петров.
„Ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата, на пратениците коишто доаѓаат од овој дел на Скопје за залагањето, за трудот, за амбицијата да тоа коешто претставува акутен проблем би рекол, а тоа е обезбедување на услови за дечињата да бидат сместени во градинките да се решава. Неколку градинки одеднаш се градат овде и убеден сум дека за многу кусо време од денеска листата на чекање веќе нема да биде листа на чекање туку секое дете коешто ќе сака да оди во градинка, односно коешто ќе има потреба од сместувачки капацитет ќе го има и истиот, и тоа е во насока на пролајф или про семејните политики на оваа Влада, бидејќи вие не можете да работите на кампања за зголемување на фертилитетот, а од друга страна да не ги овозможите сите услови за да можат дечињата да одат во градинка.

Така што продолжуваме и понатаму да се залагаме за тие про семејни политики и вредности“, кажа Мицкоски.
Македонија
Изградбата на водоводот за Љубанци и Љуботен напредува со одлична динамика, известуваат од Општина Бутел
Денеска градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски изврши увид во градежните активности за изградба на систем за водоснабдување на граѓаните на село Љубанци и село Љуботен.
„Историскиот проект – изградба на водовод за Љубанци и Љуботен денес е реалност. Поставени се 400 метри цевковод на двата крака на трасата.
Истовремено, се поставуваат цевки на вториот крак на водоводот, на резервоарот Љуботен. Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски обезбеди 110.000.000 денари за реализирање на еден од најголемите капитални проекти – систем за водоснабдување на селата Љубанци и Љуботен, со чиста вода за пиење од градскиот водовод“, известуваат од Општината
„Градоначалникот Дарко Костовски изрази голема благодарност до претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, за големата поддршка за овој исклучително значаен проект. Воедно, градоначалникот истакна дека иако многумина политичари не се ни обидоа и не веруваа, а некои политички противници сè уште го оспоруваат и се противат на проектот, граѓаните на Љубанци и Љуботен ќе имаат постојано водоснабдување со здрава и кавалитетна вода за пиење“, додаваат од Општината.
Македонија
(Фото) Голема акција за чистење во општина Кисела Вода
Од утрово, во координирана заедничка акција на Општина Кисела Вода, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, се спроведува големо чистење на јавните површини на територијата на општината. Акцијата го опфаќа потегот од крстосницата помеѓу „Народни херои“ и булеварот Борис Трајковски до кружниот тек во населбата Драчево.

„Со помош на метли, тримери и телескопски пили се чистат зелените појаси, се кастрат гранките и се коси нараснатата тревна површина, а тротоарите и коловозите се метат со специјални метларки. Во рамките на акцијата, преку Секторот за месна самоуправа, Кисела Вода ангажира 40 сезонски работници, кои активно се вклучени на терен“, велат од Општината.

„Хигиената во општина Кисела Вода мора и ќе биде на високо ниво. Ваквите координирани акции ќе станат редовна пракса бидејќи грижата за јавниот простор е наша обврска и одговорност. Денес, на терен се вклучени сите – општинските служби, јавните претпријатија и сезонските работници – затоа што кога работиме заедно, ефектите се очигледни и опипливи. Но, грижата за чиста и уредна општина не завршува тука. Ги повикувам граѓаните да внимаваат на хигиената, да не фрлаат отпад и да се однесуваат одговорно затоа што Кисела Вода е нашиот дом. Грижата за чистотата е грижа за самите себе, за нашето здравје и за квалитетот на животот што сите го заслужуваме“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска.





