Скопје
Отворени училиштата во „Аеродром“ за собирање на помош
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/g_aerodrom.jpg)
Скопската општина Аеродром ги отвори основните училишта на нејзина територија за собирање хуманитарна помош за настраданите од поплавените подрачја.
Во недела училиштата ќе бидат отворени од 16:00 до 22:00 часот, а од утре во основните училишта ќе може да се донира секој ден од 08:00 до 22:00 часот.
Апел до граѓаните да донираат хуманитарна помош, од која во моментов најпотребна е флаширана вода и храна./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Скопје
Герасимовски: Ja отстранувамe дивата депонија во Буњаковец, следува дезинфекциja
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/4-6.jpg)
Во тек се активностите за целосно расчистување на дивата депонија зад катната гаража во Буњаковец. Ангажирана е соодветна механизација и камиони за отстранување на отпадот, меѓу кој има токсични материјали, азбестни плочи и друг опасен отпад што претставува сериозна закана за здравјето на жителите и животната средина.
Местото подолг период било користено како магацин-депонија од несовесни лица, каде во непосредна близина на станбени згради и спортското игралиште во рамки на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ се складирале различни видови отпад.
Ваквите диви депонии претставуваат сериозен ризик за околината, бидејќи се потенцијален извор на заразни болести и појава на штетни инсекти и глодари.
„Се работи за дива депонија која со години наназад била заградена и присвоена, невидлива за граѓаните, а во неа се складирал секаков вид отпад. Нашите инспекции лоцираа и други слични диви депонии и смет во околината. Планираме нивно целосно отстранување и уредување на просторот“, истакна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
По целосното расчистување, просторот ќе биде дезинфициран и уреден за да се спречи понатамошно загрозување на здравјето на жителите и да се обезбеди чиста и безбедна околина.
Скопје
МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/policija-mvr.jpg)
Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.
Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.
Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.
Воедно, Министерството за внатрешни работи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот.
Скопје
Утре без струја дел од Центар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/bez_struja.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе остане дел од општина Центар.
Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Шумадиска ќе останат без струја.