Скопје
Отворени за сообраќај реконструираните краци на ул. „Црногорска“
Реконструираните краци на ул. „Црногорска“ во Ѓорче Петров во петок беа отворени за сообраќај. Станува збор за реконструкција на потегот од ул. „Радушка“ до ул. „Лука Геров“, како и на краците кај паркчето пред надвозникот на ул. „Лука Геров“.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски официјално ги отворија за сообраќај реконструираните делници.
„Токму на Денот на општината Ѓорче Петров ги отвораме за сообраќај реконструираните делници од улицата Црногорска. Со овој градежен зафат, од улицата „Црногорска“ вкупно се обновени 650 метри, при што посочените делници добија нов асфалт, а коловозот е проширен според условите на теренот, до ширина од 5,5 метри“, рече Трајановски.
Градот и Општината во овој зафат учествуваа со по 2,3 милиони денари, односно за овој проект вкупно се вложени 4,6 милиони денари.
Трајановски нагласи дека Градот Скопје и во иднина ќе ги поддржува проектите на општината Ѓорче Петров, а дека во овој период интензивно работи на изградбата на кружниот тек меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Ѓорче Петров“, проект што ќе придонесе да се отвори широк сообраќаен коридор кон Ѓорче Петров и кон излезот на Скопје.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




