Скопје
Парите од трката на Дедомразовци ќе се искористат за активна зона во Скопје
Парите од трката на Дедомразвци во Скопје собрани од котизацијата за учество ќе бидат наменети за изградба на активна зона во Скопје, во која ќе биде поставена опрема за фитнес и вежбање на отворено.
Целта на трката е низ забава да се промовира важноста од активниот животен стил и постигнувањето баланс помеѓу внесените и потрошените калории.
„Им честитаме на сите Дедомразовци кои учествуваа во трката. Тие се вистински победници од кои сите ние можеме да научиме и да се охрабриме како да постигнеме енергетски баланс меѓу она што го внесуваме во нашето тело преку храната и пијалаците и она што го трошиме преку физичката активност, неопходна за одржување на доброто здравје“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје Александар Ружевиќ, искажувајќи задоволство што целите за кои се организираше оваа предновогодишна трка се совпаѓаат со основните принципи и вредности за кои се залага Пивара Скопје.
„Се надевам дека на ваков начин сите ние заеднички ќе ги инспирараме сите луѓе да почнат да ги менуваат своите навики кои ќе им овозможат да постигнат совршен баланс во современиот ритам на живеење кој ќе ни донесе повеќе здравје и радости на сите нас и на идните генерации“, потенцираше Ружевиќ.
Инаку, задачата на учесниците во трката кои симболично беа облечени во Дедомразовски костими беше да ја истрчаат трасата долга 1,6 киломтери што почнуваше од плоштадот „Филип II”, а заврши во паркот „Жена – борец“ во центарот на Скопје.
За оние учесници кои први ја поминаа целта беа предвидени симболични награди, медали и благодарници, а за сите учесници и поситители беше организирана и соодветна забавна програма. /крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

