Скопје
Пешевски во работна посета на Општина Илинден
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, заедно со соработниците и тим претставници на државните институции престојуваше во работна посета на Општина Илинден.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, заедно со соработниците и тим претставници на државните институции престојуваше во работна посета на Општина Илинден.
Заедно со градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски беа посетени повеќе локации во Општината каде што се во тек интензивни градежни активности. Притоа, беа остварени средби со граѓаните кои ја искористија можноста да постават прашања, да укажат на извесни проблеми, но и да дадат свои предлози и сугестии за реализација на разни проекти.
Пешевски и Стојановски присуствуваа на поставувањето на еден од шесте препумпни уреди, како дел од проектот Изградба на фекална канализација со пречистителна станица во населба Илинден, еден од капиталните проекти на Општина Илинден.
Градоначалникот Стојановски го информираше вицепремиерот Пешевски дека со изградбата на овој, досега се реализирани 3 сегменти од фекалната канализација во н.м. Марино, н.м. Кадино и нас. Илинден со кои се опфатени 1.000 домаќинства, односно 4.000 жители, при што се инвестирани 100 милиони денари.
Посетата на Општината заврши во локалната економска зона Марино-Кадино и холандска фабрика за работна и заштитна облека VPTEX Македонија. Локалната економска зона Марино-Кадино е со површина од 115 хектари, има 50 градежни парцели на кои голем дел од стопанските објекти се изградени и предадени во употреба, дел се во завршна фаза од градбата, а дел почнуваат да се градат.
Беше истакнато дека благодарејќи на многубројните инвестиции, невработеноста во Општина Илинден заклучно со вториот квартал од 2015 година е намалена на 12 %. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

