Скопје
Петта нова фасада на зграда во Центар
Реконструкцијата на фасадата на зградата на улица „Пиринска” спроти Соборниот храм заврши деновиве.
Ова е петта нова фасада на зграда во рамки на проектот за реконструкција на фасадите во општина Центар.
Зградата на улица „Пиринска” спроти Соборниот храм, за прв пат по земјотесот во 1963 година темелно е реконструирана, доби термичка изолација и нови бои без да се промени претходниот изглед на фасадата.
„Објектот има интересна приказна што е регистрирано на фотографии од пост земјотресно Скопје. Зградата била напукната и вратена во живот, благодарение на стратегијата колективните згради да бидат спасувани, на сметка на инвидуалните, со цел да се сместат што повеќе луѓе назад во своите домови, да се штедат сили, време и пари и да се насочат кон она што конечно ќе го спаси градот. Дилемата била дали да се напушти локацијата на градот со оглед на ризикот од нови земјотреси што би значело пораз од природна стихија. Решено е и Скопје е спасено, затоа е оваа зграда за Центар многу значајна“, велат од Општина Центар.
Кога ќе се спореди изгледот на зградата некогаш и сега се гледа главната интенција на општина Центар да се зачуваат автентични архитектурата и боите.
Средствата за реконструкција на фасадата се одвоени од буџетот на Општина Центар.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Кисела Вода го модернизира осветлувањето: LED светилки со паметен систем за контрола
Општина Кисела Вода продолжува со проектот за замена на уличните светилки, со цел подобрување на осветленоста и енергетската ефикасност на јавните површини.
Се работи во населбата Пинтија, во рамките на втората фаза од проектот кој ги опфаќа и населбите Кисела Вода и Припор. Досега, се заменети над 2.400 светилки во населбите Пржино и Црниче. Со новите LED сијалици, осветлувањето ќе биде поекономично, со намалена потрошувачка на енергија во споредба со старите светилки, а нивниот век на траење е 4,2 пати подолг. Дополнително, светилките ќе се управуваат преку паметен систем, кој овозможува подобра контрола и ефективност.
Реализацијата на овој проектот кој се изведува во пет фази, обезбедува безбедни, современи и функционални улици, со пониска потрошувачка на енергија и долготрајни решенија за јавното осветлување во општина Кисела Вода.
Македонија
(Фото) Наставниците од Кисела Вода на подготвителни обуки за европски проекти
Во организација на Секторот за локален економски развој и Секторот за образование при општина Кисела Вода, денес се одржа обука за наставници од основните училишта на територија на општината, наменета за зајакнување на капацитетите за подготовка за европски проекти.

Обуката е дел од континуираните активности на општината, насочени кон унапредување на квалитетот на образованието и создавање современи услови за работа во училиштата, извести Општината.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, истакна дека вложувањето во обуки за подготовка за европски проекти претставува значајна инвестиција во иднината на образованието.

– Со јакнење на знаењата и компетенциите на наставниците, создаваме основа за поквалитетна, иновативна и современа настава. Овие обуки им овозможуваат на училиштата да се развиваат, да разменуваат искуства и да бидат дел од пошироките европски образовни процеси, што на долг рок носи придобивки и за наставниците и за учениците, нагласи градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.


Македонија
Одбележување на Водици 2026 во општина Илинден
По повод претстојниот христијански празник Богојавление – Водици, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото во хотел „Белви“ во н.Илинден, во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден.
„За таа цел се повикуваат сите граѓани на ден 19.01.2026 (понеделник), во 12:00 часот, заедно да го одбележиме овој голем христијански празник.
Сите заинтересирани учесници, кои сакаат да бидат дел од фаќањето на крстот можат да се пријават во црквата Св. „Константин и Елена“ во населба Илинден.
За најсреќниот учесник кој ќе го фати крстот, ќе се обезбедат пригодни награди и подароци“, се вели во соопштението на општина Илинден.

