Скопје
Почина Владо Поповски, секретар на Општина Карпош
Во саботата наутро, по кратко боледување почина Владо Поповски, секретар на Општина Карпош.
Владо Поповски беше долгогодишен политички работник и врвен професионалец. Во својата плодна политичка и професионална кариера тој беше министер без ресор во Владата на Република Македонија во периодот 2002-2006 година, во два мандати Секретар на Град Скопје и директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Во последен период од својата истакната професионална кариера во два мандати, од февруари 2010 година, беше секретар на Општина Карпош. Во последниот период од својата богата политичка кариера беше член на Извршниот одбор и претседавач на Централниот одбор на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ.
Погребот на Поповски ќе се изврши во понеделник./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

