Скопје
Почна акцијата за уредување на парк-шумата Гази Баба
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Чаир, Изет Меџити и градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски, во вторникот го означија почетокот на големата акција за уредување на парк-шумата „Гази Баба“.
„Почнуваме голема акција за уредување на парк-шумата „Гази Баба“, во делот што гравитира кон општината Чаир. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе ја расчистуваат дивоизраснатата вегетација кај игралиштата, во близина на куќите, ќе се кастрат гранки, ќе се сечат и отстрануваат старите и суви дрвја, ќе се коси тревата и ќе се отстрани сметот. Работниците ќе ја искастрат и вегетацијата по должината на постојните патеки во парк-шумата „Гази Баба“. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во наредните денови ќе изградат нова трим патека во парк шумата „Гази Баба“ која што ќе се протега од Природно-математичкиот факултет кон населбата Железара, од страната на Чаир“ рече Трајановски..
Патеката ќе биде долга 1.100 метри, а широка од 2,6 до 3 метри, во зависност од условите на теренот. Новата патека ќе се покрие со бела ризла. Во овој дел ќе се постават клупи и корпи за отпадоци, ќе се уредат и три пункта со фитнес реквизити, видиковци, игралишта за деца и фонтана за пиење вода.
Дополнително, покрај куќите, ќе се уреди и уште една трим-патека со должина од околу 600 метри, која што ќе биде осветлена. За уредување на овој дел од парк-шумата „Гази Баба“ Градот Скопје ќе вложи околу 4 милиони денари
Трајановски информираше дека во текот на оваа година на ова подрачје ќе се засадат голем број дрвца.
„Од општините Чаир и Гази Баба во уредувањето на овој дел од парк-шумата „Гази Баба“ ќе се вклучат сезонски работници. Сакам да нагласам дека во соработка со општините Чаир и Гази Баба, во подготовка сме на закон со кој ќе се овозможи заштитата на парк-шумата „Гази Баба“ да се подигне за едно ниво и ова подрачје да се прогласи за Парк на природата“, објасни градоначалникот Трајановски.
Градоначалниците Меџити и Трајковски се заблагодарија на Градот Скопје за оваа инвестиција, го нагласија значењето на парк-шумата „Гази Баба“ за Скопје и апелираа до граѓаните да ја чуваат животната средина и поставената урбана опрема на јавните површини. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

