Скопје
Почна изградбата на австриската компанија „Текспорт“ во Општина Илинден
Во локалната економска зона „Марино-Кадино“, во Општина Илинден, на свечен начин беше поставен камен темелник за почеток со градба на нов стопански објект на австриската компанија од областа на текстилната индустрија „Текспорт“.
Камен темелникот го поставија градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и сопственикот на компанијата „Текспорт“, Отмар Шнајдер.Компанијата „Текспорт“ од Австрија којашто се занимава со производство на заштитна облека, во Општина Илинден почна да гради фабрика на површина од 5.000 метри квадратни. Според инвеститорите, вкупната инвестиција изнесува повеќе од 4 милиони евра, при што ќе се отворат 450 до 500 нови работни места.„Денеска сме посебно радосни и среќни затоа што знаеме дека „Текспорт“, како странска директна инвестиција, ќе донесе нови технологии, ќе усвои нови практики, ќе пренесе многу знаење, и според најавите на инвеститорот отворање на повеќе од 450 нови слободни работни места, а со тоа и решавање на егзистенцијалните прашања на повеќе семејства од нашата општина и регионот“, рече градоначалникот Стојановски.Притоа, тој истакна дека е горд што компанијата „Текспорт“ станува дел од големото бизнис семејство на Општина Илинден, особено што станува збор за една од поголемите инвестиции, но и за компанија која што како темел го има семејниот бизнис.Отмар Шнајдер рече дека „Текспорт“ е производител со највисок и најиновативен квалитет на противпожарна облека во светот. Притоа, тој додаде дека инвестицијата во Општина Илинден е најголемата инвестиција на компанијата „Текспорт“./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




