Скопје
Почна изградбата на втората фаза од плоштадот “Скендербег“
Започнаа работите за изградба на втората фаза на плоштадот “Скендербег“.
Работите за втора фаза беа најавени да започнат во почетокот на ноември, но според надлежните од Општината Чаир, затоа што ова фаза предвидува и изградба на мост над Булеварот „Гоце Делчев“ потребно е обезбедување на одобрение од Министерство за внатрешни работи.
„Бидејќи изградбата на втората фаза од плоштадот ’Скендербег’ ќе помине на булевар Гоце Делчев, па сè до зградата на Опера и Балет, во текот на времето на изведбените работи е потребно посебен режим на одбивање на сообраќајот“, информира локалната власт.
Првата фаза на Плоштадот „Скендербег“ се пушти во употреба една година порано и изнесуваше 2,8 милиони евра, и овде се опфатени реконструкција на продавниците во близина на споменикот на националниот херој и е изградена широка платформа која завршува со скали пред Споменикот.
Исто така, од Општината велат дека Плоштадот „Скендербег“ ќе се изгради во три фази и вкупно ќе изнесува 10 милиони евра кои сега веќе се обезбедени од страна на Владата и тоа според почетниот план по завршување на втората фаза ќе се изгради третата фаза, каде се предвидува подземен паркинг каде од зелениот појас ќе се премине во Општина Центар. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

