Скопје
Почна изградбата на втората рута велосипедски патеки за „Скопје велоград“
Во вторник, во Општина Аеродром, почнаа градежните работи за реконструкција на велосипедската патека на булевар „Јане Сандански“.
Во вторник, во Општина Аеродром, почнаа градежните работи за реконструкција на велосипедската патека на булевар „Јане Сандански“.
Реконструкцијата на оваа велосипедска патека е дел од втората рута од капиталниот проект за подобрување на велосипедската инфраструктура во главниот град „Скопје Велоград 2014-2017“.Рутата 2 од овој проект е со вкупна должина од 11 километри и ги поврзува Општина Аеродром, преку Општините Центар и Карпош, до Општина Ѓорче Петров. Истата ги опфаќа булеварите „Февруарски поход“, „Видое Смилевски Бато“, „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски Питу“, „Кеј 13 Ноември“, Плоштад „Македонија“, бул. „ВМРО“ и бул. „Партизански одреди“ до Порта Влае. По булеварите велосипедските патеки ќе бидат од двете страни, додека од „Кеј 13 Ноември“ до бул. „ВМРО“ патеката ќе биде од една страна и ќе биде двонасочна.„Со овој проект ќе се добијат квалитетни велосипедски патеки, обележани со стандардизирана јасна и видлива хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација и ќе бидат изработени од асфалт. Спуштањата на раскрсниците ќе бидат изведени од рампи, додека по должината на патеките ќе бидат поставени заштитни столпчиња. Исто така, ќе се дислоцираат сите пречки на велосипедските патеки како што се билборди, канделабри, контејнери, сообраќајни знаци“, рече градоначалникот Трајановски. Во втората рута од овој проект се предвидува реконструкција на постојните велоиспедски патеки на булеварите „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски Питу“, „ВМРО“ и „Партизански одреди“, додека на булеварите „Февруарски поход“, „Видое Смилевски Бато“ и Кеј „13 Ноември“ ќе се градат нови велосипедски патеки.На терен на реализација на овој проект ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.Минатиов период се работеше на велосипедските патеки од Рутата 1 во Гази Баба, Центар, Карпош, Ѓорче Петров, каде што се реконструираа и изградија велосипедски патеки на поеќе локации.Со проектот Скопје велоград 2017 по должината на градските улици и булевари ќе се оформат четири главни велосипедски рути кои се протегаат во насока исток – запад и седум конектори кои се протегаат во насока север – југ со вкупна должина од 51 километар велосипедски патеки во Скопје./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

