Скопје
Почна меморијалниот турнир во фудбал во чест на загинатите бранители
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во недела, во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го прогласи за отворен меморијалниот турнир во мал фудбал „Македонски херои“, што се одржува во чест на загинатите бранители од 2001 и 2015 година, а е под покровителство на Министерството за внатрешни работи.
Спасовски рече дека преку овој меморијален турнир во мал фудбал уште еднаш им се оддава почит на нашите херои, кои во моментите кога беше најтешко застанаа на браникот на татковината и го дадоа животот за својата држава.
„Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи и јас како министер секогаш ќе бидеме тука за да им помогнеме на семејствата на овие големи луѓе. Особено затоа што сме свесни за фактот дека овие семејства се соочуваат со сериозни животни проблеми, какви што се невработеноста и беспарицата и покрај фактот што сите ние сме практично нивни должници. Институциите мора да ја прекинат праксата на декларативно и пропагандистичко злоупотребување на нивните судбини и суштински да им помогнат на овие семејства“, рече министерот Спасовски.
Тој потсети на фактот дека некои од овие семејства се уште водат судски спорови со државата, што е несфатливо и недозволиво.
„Неверојатен е фактот дека наместо помош, семејствата на овие херои се уште се малтретираат по судови. 14 семејства на загинати бранители сеуште немаат добиено обесштетување од државата. Ваквата политика на неодговорните политичари мора да заврши. Наместо судските покани, да им ја дадеме нашата почит и благодарност. Ние сме должни да се грижиме за овие семејства! Должни сме пред нашите херои и тоа мора да го направиме и ќе го направиме“, рече министерот Спасовски.
На отворањето на меморијалниот турнир во мал фудбал „Македонски херои“ присуствуваше и дополнителниот заменик министер Оливер Андонов, кој рече дека оваа спортска манифестација, што се одржува под покровителство на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана претставува наш длабок поклон кон херојското дело и саможртвата на припадниците на македонските безбедносни сили.
„Крајно време е да го отфрлиме духот на поделбите, нетрпеливоста и омразата кон политичкиот противник и конечно да се помириме и да се сплотиме околу државниот интерес. Оттука, жртвата на припадниците на безбедносните сили во чија чест е денешниот турнир – нека биде влог кон иднината и помирувањето на Македонија“, рече Андонов. На турнирот учествуваат 12 екипи, кои своето учество го обезбедија преку локалните турнири низ општините во Република Македонија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

