Скопје
Почна реконструкцијата на коловозот пред автобуското стојалиште спроти ’Рекорд’

Во четврток започнаа градежните работи за реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата „Димитрие Чуповски“, пред автобуското стојалиште наспроти „Рекорд“, кои се очекува до крајот на јули.
Оваа сообраќајна лента ќе се реконструира во должина од 200 метри, пред и по ова автобуско стојалиште. Оштетениот и вдлабнат асфалт ќе се изгребе, на делови каде што коловозот е многу оштетен ќе се санира и потповршинскиот слој и ќе се асфалтира со нов асфалт. Во текот на реконструкцијата на сообраќајната лента ќе се нивелираат и постојните шахти и сливници. Поради изведување на градежните работи, за сообраќај целосно ќе се затворат двете сообраќајни ленти од улицата Димитрие Чуповски, во насока од болницата „Наум Охридски“ (старата Градска болница) до такси-станицата „Ловец“. Сообраќајот ќе биде пренасочен по следниве улици: од крстосницата кај старата Градска болница, односно, крстосницата со улицата Васил Аџиларски и улицата 11.Октомври, возилата ќе се движат преку улицата 11.Октомври, булеварот Кочо Рацин и улицата Свети Кирил и Методиј до булеварот Свети Климент Охридски. Возилата на јавниот градски транспорт ќе бидат пренасочени по истата траса и ќе ги користат постојните автобуски стојалишта. Сообраќајот по улицата Димитрие Чуповски, од Трговскиот центар „Палома бјанка“ кон старата Градска болница, ќе се одвива без промени, информираше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој го означи стартот на градежните работи.Трајановски додаде дека на реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуското стојалиште наспроти „Рекорд“ ќе работат екипите на АД „Бетон“ Скопје. Градот Скопје за овој зафат ќе потроши околу 4 милиони денари.„Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремениот сообраќаен режим и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Градот Скопје акцијата за обновување на оштетениот коловоз пред атобуските стојалишта ја почна минатата година, на автобуското стојалиште наспроти објектот на МАНУ. Во наредниот период ќе работиме и на обнова на коловозот пред автобуската станица пред објектот на МАНУ“, рече градоначалниот Трајановски./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Улиците во Карпош вечерва во тотален мрак

Општина Карпош во моментов е без улично осветлување поради пад на системот.
Од Општината информираа дека во моментот се работи на отстранување на проблемот и повторно подигнување на системот.
Се очекува осветлувањето да биде нормализирано во најбрзо време.
Македонија
Општина Аеродром доделува 3.500 денари за првачињата

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 2 јули до 30 септември 2025 година.
Потребно е до архивата на Општината да се поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2025/2026 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.
Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци што треба да се пополнат можат да се најдат на следниот линк:
http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari