Скопје
Почна реконструкцијата на три моста на Усјанскиот канал

Почна реконструкцијата на три моста на Усјанскиот канал во Горно Лисиче.
Првиот мост се наоѓа на улицата „Ѓорѓи Капчев“, а другите два на улицата „Божин Николов“.Мостовите ќе се реконструираат во должина од по 10 метри, а широчина од по 8 метри, вклучувајќи по две коловозни ленти и тротоари од двете страни, како и заштитна метална ограда.Реконструкцијата на трите мостови, која се очекува да заврши за три месеца, целосно ќе се покрие од Буџетот на Општина Аеродром, за што се обезбедени средства во висина од 8 милиони денари. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Над 10 милиони денари за пензионерите за три години, извести Герасимовски

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во изминатите три години, повеќе од 3.500 пензионери добија еднократна парична помош, а вкупно беа доделени над 10 милиони денари, со што значително се подобри нивниот квалитет на живот, извести општина Центар.
„Како општина, активно се грижиме за нашите највозрасни сограѓани преку реализирање на различни проекти. Еден од тие проекти е и доделувањето еднократна парична помош кон крајот на годината, со што значително им помагаме во семејниот буџет на пензионерите во пресрет на новогодишните празници. Во 2022 година, 1.410 пензионери аплицираа и добија еднократна парична помош во висина од 1.500 денари, а во 2023 година 1.575 пензионери добија по 2.000 денари еднократна парична помош. На последниот повик во 2024 година, 1.705 пензионери добија еднократна парична помош во висина од 2.500 денари, додека пак, вкупната сума за три години изнесува 10ипол милиони денари. Оваа поддршка значи повеќе сигурност и достоинство за нашите повозрасни сограѓани, кои својот живот го посветиле на изградба на нашето општество. Продолжуваме со оваа иницијатива и во иднина, животот е убав во секоја доба“, истакнува Герасимовски.
Општина Центар, останува посветена на подобрување на животниот стандард на граѓаните, грижата за повозрасните центарци останува еден од нашите приоритети, додаваат од општината.
Македонија
Улица во Гази Баба денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека:
– денеска поради промена на затворач од водоводна мрежа на ул. Јани Лукровски бр 10, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица. (Општина Гази Баба)
Македонија
Дел од Кисела Вода и Чучер Сандево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. Христо Таарчев крак – 24. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од село Бродец. (Општина Чучер Сандево)