Скопје
Почна реконструкцијата на улицата Народни херои во Кисела Вода
Почна реконструкцијата на коловозот и на тротоарот на улицата “Народни херои”, во Кисела Вода.
Градот Скопје ќе ја изведува реконструкцијата на потегот од крстосницата со улицата “Димо Хаџи Димов” до крстосницата со улицата “Христо Татарчев”, во должина од 416 метри. Ќе биде опфатена и крстосницата на улицата “Народни херои” со улицата “Христо Татарчев”.„Ќе се извади целокупниот асфалтен слој, постелката долу ќе се обнови, со оглед на тоа што долниот слој под асфалтот не е стабилен, значи ќе се стабилизира. Значи, ќе мора да се вади целиот асфалт, за разлика од други места каде што само гребевме и стававме нов слој. Овде ќе има малку поголема и подлабока реконструкција . Исто така ќе бидат обновени тротоарите од двете страни“, наведе скопскиот градоначалник Коце Трајановски.Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ наведе дека реконструкцијата на “Народни херои” е уште еден од низата заеднички проекти кои градот Скопје ги изведува во оваа општина.Градот Скопје во наредниот период планира да обнови уште 400 метри од улицата Народни херои, се до вкрстувањето со булеварот Борис Трајковски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

