Скопје
Почна школската година за шест илјади основци во Општина Аеродром

Околу шест илјади ученици во понеделник седнаа во училишните клупи во осумте основни училишта во Општина Аеродром. Учебната година со возбуда ја дочекаа околу 700 првоодделенчиња.
Во сите основни училишта на територијата на Општина Аеродром беше одбележан првиот училиштен ден со пригодна претстава и прием на првачињата, кои од денес почнуваат со нивното образование.
Од оваа година сите ученици ќе носат училишна униформа, а со тоа сите ќе бидат облечени во иста облека и ќе се навикнат на соодветен кодекс на облекување, така што ќе можат полесно да се фокусираат на воспитно-образовниот процес, наместо на изгледот и начинот на облекување, велат од Општина Аеродром.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Улиците во Карпош вечерва во тотален мрак

Општина Карпош во моментов е без улично осветлување поради пад на системот.
Од Општината информираа дека во моментот се работи на отстранување на проблемот и повторно подигнување на системот.
Се очекува осветлувањето да биде нормализирано во најбрзо време.
Македонија
Општина Аеродром доделува 3.500 денари за првачињата

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 2 јули до 30 септември 2025 година.
Потребно е до архивата на Општината да се поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2025/2026 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.
Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци што треба да се пополнат можат да се најдат на следниот линк:
http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari