Скопје
Почнаа работите околу подобрување на атмосферската канализација на улицата Павел Шатев
Екипите на Градот Скопје и на ЈП „Водовод и канализација“ ги почнаа градежните работи за подобрување на атмосферската канализациска мрежа на улицата Павел Шатев, со поставување решетки од монолитен бетон.
Во правецот од населбата Пржино кон подвозникот, на раскрсницата, на двете коловозни ленти е извршен ископ и е поставена бетонска подлога. Градежните работи продолжуваат со поставување три попречни решетки од монолитен бетон со димензија RD 300 милиметри, во должина од 7,35 метри и еден сливник. Тие ќе бидат приклучени во постојната шахта на постојниот атмосферски колектор Ф 900 милиметри, по што ќе се асфалтира коловозот.
На истиот потег, кај црквата „Света Петка“, ќе се постават две попречни решетки од монолитен бетон на двете коловозни ленти, во двата правца. Решетките се со должина од 3,35 метри. Тие ќе се приклучат во постојната шахта на постојниот атмосферски колектор Ф 600 милиметри, по што коловозот ќе се асфалтира.
На раскрсницата дополнително ќе се постават три сливници – два сливника ќе се постават еден до друг, попречно, на самиот коловоз и тоа на влезот од улицата Павел Шатев кон улицата Огњан Прица, а еден сливник ќе се постави на влезот од улицата Огњан Прица кон булеварот Павел Шатев. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

