Скопје
Почнува Пролетниот вино фест
Од среда, почнува „Пролетниот Вино Фест“ кој се одржува по четврти пат кај Веро Центарот во Скопје.
Од среда, почнува „Пролетниот Вино Фест“ кој се одржува по четврти пат кај Веро Центарот во Скопје.
Фестивалот ќе почне во 18, а ќе трае се до 1 часот по полноќ. Денеска главни ѕвезди на програмата се The Hounds и гостинот од Црна Гора- Бојан Маровиќ кој на своите обожаватели им испрати видео порака пред неговиот настап во Скопје.
Од Веро Центарот информираат дека сите фестивалски денови, паркингот по завршувањето на работното време на трговскиот ќе биде отворен и бесплатен за сите посетители на фестивалот.
Од винариите велат дека за сите оние кои ќе присуствуваат на винскиот фестивал, подговтвиле пристојни цени, достапни за секој граѓанин, бидејќи целта на ова случување е промоција на најдобрите македонски сортни вина и нивна дегустација.
На Пролетниот вино фест посетителите ќе имаат можност да ги дегустираат вината на Пивка, Тиквеш, Бовин, Сковин, Стоби, Далвина, Попова Кула, Повардарие, Вардарска долина и Визба Валандово, а покрај виното ќе има штандови каде што ќе може да уживаат во деликатесна храна./крај/со/бб~
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

