Скопје
Почнува Вино Скоп 2016
Јубилејниот, десетти фестивал на виното, Вино Скоп 2016, што се одржува во Скопје, официјално почнува во среда и ќе се одржува до 2 октомври на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред Македонска опера и балет.
„Пет фестивалски денови, посетителите ќе може да дегустираат вино од десет најдобри македонски винарници, како и вински коктели – сангрија и вино мохито. Покрај виното, ќе има македонски деликатеси: сирења, кашкавали, сувомеснати производи. Освен во големата понуда на вина и на деликатеси, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во богата музичка програма исполнета со настапи на познати ѕвезди од домашната и од странската естрада“, рече градоначалникот Коце Трајановски, кој ги повика граѓаните да дојдат и да бидат дел од најомилената есенска приказна – Вино Скоп 2016. „Вино Скоп 2016 е јубилејно издание на еден од најпосетените и најубавите фестивали и ќе се одржи на плоштадот „Мајка Тереза“ каде што има голем простор со капацитет за повеќе посетители, како и повеќе паркинзи во близина на плоштадот“, изјави Фимка Шопова од организација „Темов“.Дарко Масларковски, од организацијата „Темов“, најави дека за да биде што повесело на Вино Скоп годинава ќе имаме џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно и шлагери, а ќе се погрижат: Миле Кузмановски, Јаков Дренковски, Ефто Пупиноски, Владо Јаневски, Амадеус Бенд, Куку Леле, Ристо Самарџиев, Иван Гавриловиќ, Џафер, Чил Плеј, Ортодокс Келтс, Лили Чили и многу други.Влезот на фестивалот како и секоја година е бесплатен и ќе биде отворен за посетители од 12 часот, а ќе трае се до доцните вечерни часови. Годинава на нова локација, веднаш до реката Вардар ќе се одржи најомилената есенска приказна, а веднаш до плоштадот „Мајка Тереза“ има неколку паркинзи каде што може да паркираат оние што ќе доаѓаат со возила, но секако препорачуваме сите што планираат да консумираат алкохол да не возат, туку да користат јавен превоз или такси. За реализација на овој фестивал на виното Градот Скопје од Буџетот издвои 700. 000 денари, а трaдиционално го организира „Темов“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;

