Скопје
Почнуваат 11-те Денови на македонскиот мед 2015
Свечено отворање на Деновите на македонски мед, е закажано зачетврток, во 11 часот во Скопје на ул.„ Македонија“.
Свечено отворање на Деновите на македонски мед, е закажано зачетврток, во 11 часот во Скопје на ул.„ Македонија“.
Манифестацијата ќе ја отвори претставник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.Веднаш по отворањето ќе има дегустација на медови што ќе ја направат највисоки државни раководители и дипломатскиот кор, акредитиран во Македонија. Ќе биде одбран најдобриот и највкусен македонски мед. На улицата ќе бидат поставени бројни штандовите со мед и пчелни производи, а секако тоа ќе биде проследено со богатата програма./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.

