Скопје
Почнуваат уписите во младинската школа на МЗТ
„Тренирај со шампионите, учи од најдобрите“ е мотото под кое петкратниот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром, од четврток, заедно со почетокот на новата учебна година, ќе ги почне уписите во својата младинска школа, а со тоа и со тренинзи во сите возрасни категории.
Тоа значи и отворање на салите во кои идните првотимци на актуелниот шампион ќе ги учат кошаркарските мајстории од врвни тренери и во услови кои му доликуваат на тим како МЗТ Скопје и кои тешко може да се најдат во друга средина.
Во младинската школа на аеродромци, талентите ќе имаат одлични услови за напредување, современи методи на тренирање, програма за индивидуално усовршување, туторство од врвни тренери, како и добро дружење и многу забава.
Влегувањето во сино-белото семејство, пак, автоматски ќе значи и можност да соработување со стручниот штаб и ѕвездите на најдобриот тим во Македонија.
Расадникот на идни ѕвезди на МЗТ Скопје и сезонава ќе биде застапен во сите основни училишта во општина Аеродром, каде што сите заинтересирани може да ги одбијат потребните информации и воедно да се запишат во школото кое најмногу им одговара. Тоа може да се направи во следните термини:
ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ – секој ден помеѓу 18.30 и 20.30 часот
ОУ „Љубен Лапе“ – секој ден помеѓу 17.30 и 19.30 часот
ОУ „Блаже Коневски“ – секој ден помеѓу 18 и 20 часот
ОУ „Браќа Миладиновци“ – вторник и четврток од 16-17 часот
ОУ „Лазо Ангеловски“ – секој ден помеѓу 19.30 и 21.30 часот
ОУ „Димитар Македонски“ – понеделник среда и петок од 17.30-19.30 часот
ОУ „Гоце Делчев“ – секој ден помеѓу 18 и 20 часот
ОУ „Александар Македонски“ – термините дополнително ќе бидат објавени. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

