Скопје
Почувствуван земјотрес во Скопје

Послаб земјотрес се почувствува во Скопје, во понеделник во 10.50 часот.
Според Европската сеизмолошка станица, земјотресот се случил на 37 километри северно од Скопје, на територија на Србија.
Земјотресот бил со јачина од 3,9 степени, а се случил на длабочина од два километри.
Нема информации за штети./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар
Македонија
Герасимовски: Концерт на Јанг Дади на 27 август во Паркот на франкофонијата, ги поканувам сите скопјани на добра музика

На 27 август, Центар ќе пулсира во ритамот на добрата музика. Општина Центар, во рамки на проектот „На одмор сум, во Центар сум“, организира концерт на еден од најактуелните македонски изведувачи Јанг Дади што ќе се одржи во Паркот на франкофонијата, со почеток од 19:00 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите центарци и скопјани коишто се останати во градот да дојдат и да уживаат во вечер исполнета со позитивна енергија, музика и забава под отворено небо.
„Ги поканувам сите скопјани, млади, семејства, пријатели и сите љубители на музиката да дојдат во Паркот на Франкофонијата и заеднички да уживаме во песните на Јанг Дади. Исто така, Стела и Сани ќе ги забавуваат најмладите, ајде сите заедно да уживаме во вечер исполнета со енергија, смеа и добар ритам. Културата е најубавиот начин да го зближиме градот и затоа ве поканувам да бидеме дел од оваа летна приказна. Ве чекам во среда, на 27 август на музика што поврзува“, вели Герасимовски.