Скопје
Под маски за „Скопје се смее“ децата се препуштија на фантазијата
На традиционалниот првоаприлски маскенбал, децата во Скопје се прошетаа маскирани во принцези и принцови, кралици, кловнови, ликови од стрипоови и ртани филмови, спајдермени и бетмени.
На традиционалниот првоаприлски маскенбал, децата во Скопје се прошетаа маскирани во принцези и принцови, кралици, кловнови, ликови од стрипоови и ртани филмови, спајдермени и бетмени.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ги поздрави децата на забавата под маски „Априлијада 2014-Скопје се смее“, што традиционално ја организираат Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје.
„Со овој традиционален првоаприлски маскенбал, Скопје се приклучува кон многуте светски градови кои организираат вакви манифестации. Денеска од претпладне па сé до доцните вечерни часови, граѓаните на Скопје, од сите возрасти, на плоштадот Пела, кај Порта Македонија, ќе имаат можност да се забавуваат, дружат и да се шегуваат. Први април е денот кога е дозволено децата, учениците, студентите и граѓаните на Скопје, да се препуштат на својата фантазија и креативност, маскирајќи се во принцези и принцови, кралици и кралеви, во омилените ликови од цртаните филмови и стрипови, во бетмени, спајдермени, кловнов, самовили и сл.“, рече Трајановски
Додаде дека „преку шаренилото на бои, фигури и маски, со различни мотиви и теми, збогатено е скопското секојдневие преку маскембалската магија, заедно со звуците на музиката, играта и забавата“.
Првиот дел од манифестацијата „Априлијада 2015“ е наменет за децата од градинките, сите училишта и граѓани на град Скопје. На забавата, којашто се одржа на просторот пред „Порта Македонија“, можеше да видиме принцези, самовили, шеици, бетмени, супермени, како и настапите на децата од Златно славејче и на танцовите групи од повеќе основни училишта од Скопје.
Ноќната забава ќе почне вечер во 21 часот, а присутните ќе се забавуваат со: Коста Костовски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Александар Тарабунов, Бетиме Зејали, Биљана Дабеска, групата The noise makers и Диџеј Бабура./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

