Скопје
Поднесени 780 барања за субвенции за купување велосипед во Центар

За само 36 работни дена 780 жители на Центар поднесоа барање за субвенции за купување на нов велосипед, информираше градоначалникот на оваа скопска општина, Андреј Жерновски.
“Оваа акција ќе ја продолжиме и наредната година со одвојување повеќе средства од буџетот на општината, со новите 850 велосипеди, 300 ново посадени дрвја, повеќе од 8000 м2 зелени површини, јасно покажуваме дека сакаме чиста и зелена општина Центар“, изјави градоначалникот Жерновски.
Според него, се работи за успешна акција. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)