Скопје
Поликлиника Бит Пазар со нов Кабинет за дијабетес
Во поликлиниката Бит Пазар, во рамки на Здравствен дом Скопје, од минатиот месец е отворен нов Кабинет за дијабетес, во кој досега се реализирани вкупно 519 прегледи.
Во поликлиниката Бит Пазар, во рамки на Здравствен дом Скопје, од минатиот месец е отворен нов Кабинет за дијабетес, во кој досега се реализирани вкупно 519 прегледи.
Според податоците од системот МојТермин, изминатата година се прегледани вкупно 15.236 пациенти во Центрите за дијабетес во поликлиниката Букурешт и поликлиниката „Јане Сандански“, при Здравствен дом Скопје. Со оглед на големиот број реализирани прегледи, ЗД Скопје ја прошири оваа дејност со отворање нов Центар за дијабетес во поликлиниката Бит Пазар.
За потребите на Центарот, во поликлиниката Бит Пазар е адаптиран и уреден соодветен простор, а со цел доусовршување на кадарот, спроведена е доедукација на доктор-специјалист по интерна медицина во Ново Место – Република Словенија и на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот. Центарот работи секој ден од 7.30 до 14.30 часот.
На овој начин, се овозможи растоварување на постојните два центри, имајќи предвид дека кон новиот Центар за дијабетес гравитираат пациенти од општините Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари. Воедно, покрај инсулинската терапија која досега пациентите можеа да ја подигнат во инсулинската аптека во оваа поликлиника, во Центарот за дијабетес пациентите добиваат комплетна здравствена услуга./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

