Скопје
Положено цвеќе на споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес
На Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции положија цвеќе пред споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година го разори Скопје.
На Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции положија цвеќе пред споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година го разори Скопје.
Цвеќе во спомен на жртвите во катастрофалниот земјотрес положија и официјална делегација на Градот Скопје, составена од градоначалникот Коце Трајановски и претседателот на советот на Град Скопје, Ирена Мишева, делегација на Владата, делегација на Собранието, делегација на советот на Град Скопје, делегација од Министерството за одбрана, делегации од политичките партии, делегации од сите општини на Град Скопје, делегации од дипломатскиот кор во Македонија и делегации од здруженија на граѓани и други организации.
Цвеќе положија и делегации на јавните претпријатија и културните установи на Град Скопје и членовите на Црвениот крст, како и припадници на други јавни институции од земјава оддавајќи им почит на жртвите во катастрофалниот земјотрес во далечната 1963 година.
Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, во ДХО „Даре Џамбаз“,од 9 до 17 часот, на крводарителска акција што традиционално ја организира Црвениот крст на град Скопје, граѓаните ќе може да даруваат крв и да спасат нечиј живот.
Вечерва во Музеј на град Скопје, во 19 часот, ќе се одржи литературно читање насловено како „Поетесите за својот град“, а во 20:30 часот, градоначалникот Коце Трајановски ќе им се обрати на присутните и ќе ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

