Скопје
Порибени водите на Вардар
Вкупно 5.000 парчиња македонска ендемична пастрмка (Salmo macedonikus- Karaman, 1924) беа пуштени во четвртокот во водите на реката Вардар, кај хотелот Александар Палас.
Вкупно 5.000 парчиња македонска ендемична пастрмка (Salmo macedonikus- Karaman, 1924) беа пуштени во четвртокот во водите на реката Вардар, кај хотелот Александар Палас.
Порибувањето беше извршено во организација на Град Скопје, ГЕФ (Глобален фонд за заштита на животната средина и природата), Институтот за сточарство-Одделението за рибарство и Македонската риболовна федерација.
Со Програмите за развој на туризмот и подобрување на условите за престој на туристите на градот Скопје предвидена е реализација на активноста – порибување на водите во на реката Вардар и Треска и езерото Матка.
Целта на проектот е да се овозможи заштита на македонската пастрмка и вретенарот, а со тоа и зголемување на бројноста на популацијата во течението на реката Треска, вклучувајќи ги и акумулациите Матка, Св.Петка и Козјак. Доколку ова не се направи постои реална опасност засекогаш да се изгубат овои специфични видови риба, наше природно богатство и наш симбол.
Исто така, проектот ќе придонесе за заштита на македонската пастрмка како дел од богатото природно наследство, збогатување на туристичката атракција преку развој и промовирање на високо квалитетен рекреативен и спортски риболов, подигање на свеста кај јавноста, зајакнување на улогата на туризмот и учество на заедницата во туристичките активности со цел да се воспостави економски возможен, одржлив и локално базиран еколошки туризам. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




