Скопје
Поставен камен-темелникот на крстот во Бутел
Камен-темелник на крст што ќе се гради на кружниот тек во Бутел беше поставен во сабота, а осветувањето на темелот го направи поглаварот на МПЦ г.г. Стефан со свештеници од Скопската епархија.
Според најавите, крстот е реплика на оној од општината Аеродром, ќе биде монтажен, висок 51 метар, широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри, врз постамент од 5,5 метри и фрески на дванаесетте свети апостоли. На Крстот ќе биде изведена инсталација за енергетска самоодржливост, а местото околу крстот ќе биде хортикултурно уредено. Крстот треба да биде изграден најдоцна за два месеци од одобрението. Дел од албанските граѓани од Чаир и околината се противат на поставувањето на крстот, па за да се спречи евентуален инцидент, чинот на осветување беше под засилено полициско обезбедување. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

