Скопје
Постојана канцеларија на Катастарот отворена во населбата Драчево
Постојана канцеларија на Катастарот беше отворена во среда во населба Драчево.
„Отворањето на подрачната канцеларија ќе овозможи Катастарoт да биде поблиску до граѓаните. Кон ова место гравитираат повеќе од 40 000 граѓани кои сега ќе имаат можност тука да ги добиваат имотните листови, копиите од катастарскиот план и сите други податоци кои ги издава Катастарот, без да имаат потреба да патуваат 15 км. Исто така, во оваа канцеларија ќе имаме и стручни лица од областа на геодезијата и правото, па за сите прашања поврзани со нивните имоти и со нивните објекти, граѓаните ќе можат тука да се обратат“, изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.
Работното време на подрачната канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности во населбата Драчево е од понеделник до петок, во период 8.30 -16.30. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Делови од Илинден, Аеродром, Чучер Сандево и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. 27 во село Белимбегово, општина Илинден;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците кои се напојуваат од изводот кој започнува од Рибилимус и продолжува во правец на Горно и Долно Оризари, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од село Бардовци лоцирани кај Машинац зградите, општина Карпош.

