Скопје
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Град Скопје и Катастарот
Меморандум за соработка преку размена на податоци потпишаа во петок Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајанвоски и директорот на Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија, Славче Трпески.
„Со овој меморандум за соработка ќе се усогласат податоците меѓу Регистарот за недвижен имот што го води Град Скопје и податоците од Катастарот за недвижности што го води Агенцијата за катастар. Градот Скопје ќе добие пристап и можност и да ги користи податоците од Агенцијата за катастар, а од друга страна Агенцијата за катастар ќе добие пристап до податоците за вредноста на недвижностите што се оданочени, со што ќе се скрати времето за полнење на базата за масовна евиденција на недвижностите. Со ова базите на податоци на двете институции ќе бидат усогласени и идентични, со што во голема мера ќе се скрати времето на пријавување на имотот при продажба на недвижности“, изјави градоначалникот Трајановски.
Директорот Трпески истакна дека размената на податоци ќе се одвива преку web сервиси со кои располагаат двете институции и базите на двете институции ќе бидат усогласени, точни и сите промени направени во катастарот за недвижности ќе се евидентираат и во Регистарот за недвижен имот на Град Скопје
„Со овој меморандум Градот Скопје ќе добие брз, ефикасен и точен пристап до податоците за недвижностите кои ги води катастарот, односно податоци за сопственикот на недвижноста, податоци за квадратурата, катност, локација, како и други податоци битни за недвижноста. Агенцијата за катастар на недвижности ќе добие огромна база на податоци со кој располага Град Скопје, пред се податоци за пријавената и процената вредност на недвижностите“, изјави директорот Трпески.
Со овој Меморандум се уредува и соработката меѓу Град Скопје и Агенцијата за катастар, и Градот како главен партнер на Агенцијата ќе учествува во реализацијата на проектот за воспоставување на системот за масовна проценка на недвижности на територијата на градот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

