Скопје
Познатата њујоршка зграда „Флетајрон“ ќе никне на влезот на Кисела Вода
Висококатница по урнекот на позната зграда „Флетајрон“ во Њујорк ќе се гради на влезот на Кисела Вода, на местото на поранешната фабрика „Цветан Димов“.
Ова го соопшти градежната компанија „Адора инженеринг“, на Саемот за градежништво што во вторник беше отворен на Скопски саем.
Компанијата земјиштето го купила на јавна лицитација, по цена од 2.200.000 евра, а ќе треба да платат уште 2.500.000 евра за комуналии. Изградбата би требало да започне ова лето.
„Се очекува во текот на градба, за една и пол година, на реализација на проектот да бидат ангажирани околу 500 градежни работници, со што ќе дадеме голем придонес во македонската економија. Што се однесува на цените тие ќе се движат некаде помеѓу цените на становите во Карпош и општина Аеродром во Скопје, а Адора инженеринг ќе оди со стапка на профитабилност од 10 %.“, изјави Ванчо Чифлиганец, генерален директор на градежната компанија Адора инженеринг.
Тој додаде дека очекува овој проект во двете насоки, да оствари финансиски обрт од околу 40 милиони евра.
„Според архитектонскиот проект кој сега се работи, овој објект треба да биде со висина од 45 до 50 метри, со ексклузивни деловни простории, мезанин и елитни станови на 14 нивоа. Објектот ќе биде со препознатливиот квалитет на градба на Адора инженеринг, со потврдена асеизмичка стабилност, енергетска ефикасност А-класа, со примена на најновите технологии и трендови, кој на станарите ќе им понуди исклучително квалитетни и модерни услови за домување и бизнис“, додаде Чифлиганец. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

