Скопје
Привремен сообраќаен режим на „Партизанска“ и ул. „Ѓорче Петров“
Привремен сообраќаен режим ќе биде воведен во сабота и недела на дел од булеварот „Партизански одреди“ и ул.„Ѓорче Петров“.
Градот Скопје извести дека во деновите од претстојниот викенд (06 и 07.09) на улицата „Ѓорче Петров“, во делот кај раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“, ќе се вршат градежни работи за поставување подземни инсталации. Поради тоа, на дел од улицата „Ѓорче Петров“, во делот кај раскрсницата, ќе се воведе привремен сообраќаен режим.
Во сабота, пак, од 8 до 12 часот ќе се затвори за сообраќај булеварот „Партизански одреди“ од крстосницата со улицата „Ѓорче Петров“ до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“, поради изведување градежни работи.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

