Скопје
Привремен сообраќаен режим пред објектот на МНТ

Привремен сообраќаен режим ќе биде воведен во четврток, 13-ти ноември, пред објектот на Македонскиот народен театар, во периодот од 17 до 22 часот. Град Скопје информира дека дел од ул. „Иљо Војвода“ ќе биде целосно затворен за сообраќај.
Привремениот сообраќаен режим се воведува по повод 13 Ноември и активностите за одбележување на 70-годишнината од ослободувањето на Скопје, што ќе се одвиваат во објектот на МНТ.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремениот режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски: Семејствата и блиските на повредените можат бесплатно да се сместат во скопските хотели

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје.
„Семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје. Ја поздравувам иницијативата што ја реализираат скопските хотели за бесплатно сместување. Во овие тешки моменти најважни се солидарноста и поддршката од сите, да им помогнеме на нивните родители, фамилии, пријатели колку што можеме повеќе! Граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 073 821 120”, истакнува Герасимовски.
Скопје
Дел од Студеничани без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект на затварач од ф – 200 мм на ул. 7 б.б во село Батинци, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од селата Батинци и Љубош. ( општина Студеничани )
Скопје
Ѓорѓиевски: Финансиска помош за жртвите од семејно и родово базирано насилство

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, информираше дека на денешната седница на совет се донела одлука за финансиска помош за жртвите од семејно и родово базирано насилство. Како што истакна, наскоро ќе биде распишан Јавен повик на кој жртвите ќе можат да се пријават, а се гарантира и целосна дискреција на истите.
-Општина Кисела Вода, ќе доделува финансиска помош на жртвите на семејно и родово базирано насилство. Борбата за спречување на секој вид на насилство е дел од нашата стратегија која во континуитет на спроведуваме. Оваа нова мерка, за која наскоро ќе биде распишан и Јавен повик, ќе гарантира целосна дискреција на жртвите кои ќе се пријават, а ќе приложат потврда дека се регистрирани како жртви на семејно насилство. Насилството е за секоја осуда, никој на овој свет не смее да биде жртва. Ова не е прва мерка која ја воведуваме во насока на надминување на ваквите или слично проблеми“, посочи тој и додаде:
„Претходно, во населбата Црниче, заедно со граѓанската организација ,,Крик” отворивме канцеларија за психолошко советување на жртвите од булинг, семејно или било каков тип на насилство. Кисела Вода не само што е потписник на Истанбулската Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, туку и во пракса интензивно работи на имплементација на сите нејзини постулати. Заедно сме посилни. Заедно можеме да направиме промени! – рече Ѓорѓиевски.